Алисон призна: Знаев за Мамардашвили, ми кажаа од клубот!

August 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Алисон призна: Знаев за Мамардашвили, ми кажаа од клубот!

Ливерпул треба во наредните денови да го официјализира трансферот на Мамардашвили кој ќе остане во Валенсија уште една сезона пред да премине во Англија. Како што рече голманот Алисон, уште пред да се дознае во јавноста, од клубот му кажале за Грузиецот. „Ливерпул ми кажа за Мамардашвили и мислам дека тоа е добра идеја. Знаев за тоа пред да излезе на социјалните медиуми и тоа е добра порака за мене бидејќи клубот се грижи за тоа што мислам јас“, рече Алисон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.