September 21, 2025 | | Свет
Ситуацијата во редовите на Реал Мадрид повторно се вжештува – овојпат главниот лик е Винисиус Жуниор, кој уште еднаш беше незадоволен поради одлука на тренерот Чаби Алонсо. Бразилецот беше заменет во 77. минута од натпреварот против Еспањол, во момент кога „кралевите“ веќе имаа убедливо водство. Иако замената на Винисиус можеше да се протолкува како обична ротирачка одлука за да се заштити фудбалерот од можност за повреда, реакцијата на напаѓачот зборуваше нешто сосема друго. Камерите фатија тензија меѓу него и Алонсо, уште за време на паузата за разладување. Тренерот му соопштува дека ќе биде заменет, а Винисиус јасно покажува незадоволство – најпрво со телесна гестикулација, а потоа и со бурна реакција при напуштањето на теренот. На прес-конференцијата по натпреварот, Чаби Алонсо изјави дека „можеби донел избрзана одлука“ со замената, но и самиот призна дека односите со Винисиус не се идеални. Напнатоста помеѓу двајцата не е од вчера – ова е само уште еден во низата инциденти кои укажуваат на подлабок проблем во соблекувалната на „лос бланкос“. Фактот дека Винисиус досега не одиграл ниту еден комплетен натпревар сезонава, и дека двапати влегуваше од клупата, очигледно го засега. Дополнително, во тимот доминира новата ѕвезда – Килијан Мбапе, кој ужива во привилегирана улога и започна како стартер на сите шест меча досега.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |