June 4, 2024 | | Свет
Чаби Алонсо оваа сезона со Леверкузен успеа да освои дупла круна, прва во историјата на овој клуб. Пред да ја донесе одлуката да остане, за него заинтересирани беа Баерн Минхен и Ливерпул, клубови во кои тој играше како играч.
Во интервју за CNN тој откри дали имало преговорои со Ливерпул.
„Тоа е некако зад завесите. Сите овие одлуки треба да бидат темелни. Треба навистина да размислите за нив. И повеќе беше за она што го имав, а не за она што ми недостасува. Секако, мојата врска со Ливерпул е тука и сè уште е таму. Значи, нема никаков проблем со тоа“, рече тој.
Тој оваа сезона со Баер Леверкузен ги освои Бундеслигата и Купот на Германија, но во финалето на Лигата на Европа беше поразен од Аталанта кој реално тактички го надигра Леверкузен и сигурно дека од ваквите натпревари Алонсо ќе научи за во иднина.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |