Алонсо му поставил услов на Перез: Донеси го тој играч и доаѓам!

October 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Алонсо му поставил услов на Перез: Донеси го тој играч и доаѓам!

Чаби Алонсо ќе замине од клупата на Баер Леверкузен по завршувањето на оваа сезона. Реал Мадрид и Манчестер Сити во случај да замине Гвардиола се тимови кои покажале најголем интерес за шпанскиот тренер. Наводно, Флорентино Перез има желба Чаби Алонсо да го наследи Карло Анчелоти, но Шпанецот има едно барање за тоа да се оствари. Како што пренесува „Defence Central“, Алонсо му рекол на Перез дека ќе седне на клупата на Реал Мадрид само ако клубот го потпише Флоријан Вирц. Покрај Алонсо, се очекува и Вирц да замине наредното лето, а засега Манчестер Сити покажува најголем интерес за Германецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.