Алонсо воведе нешто што не го правел ниту во Леверкузен (ФОТО)

June 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Алонсо воведе нешто што не го правел ниту во Леверкузен (ФОТО)

По неочекуваното реми на своето деби како тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо брзо се фати за работа и донесе новини во начинот на подготовка на тимот. Според пишувањата на шпанската „Марка“, стратегот вовел употреба на дронови на тренинзите на „кралскиот клуб“. Ова е првпат Алонсо во својата тренерска кариера да се потпре на ваква технологија. Целта е преку снимките од воздух да добие појасна слика за движењето, формацијата и поставеноста на своите фудбалери, како и за можностите за подобрување на тимската тактика. Со ваквиот пристап, Алонсо се обидува да внесе поголема прецизност во анализата и да ја крене ефикасноста на тимот на повисоко ниво.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.