Алонсо заминува од Леверкузен, два тима во игра за негов потпис!

October 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Алонсо заминува од Леверкузен, два тима во игра за негов потпис!

Баер Леверкузен се подготвува за живот без тренерот Чаби Алонсо по завршувањето на оваа сезона, пренесува новинарот Флоријан Плетенберг. Алонсо е кандидат за да биде тренер на Реал Мадрид или на Манчестер Сити кој покажува конкретен интерес и размислува за тренерските опции во случај Гвардиола да замине. Иако претходно и Ливерпул го посакуваше, сепак клубот е среќен со Арне Слот и не размислува за промена. Договорот на Алонсо истекува во 2026 година, но Леверкузен веќе бара негова замена. Засега, фаворити за замена на Алонсо се тренерот на Штугарг Себастијан Хоенес и помошникот во германската репрезентација Сандо Вагнер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.