Алварез донел одлука: Сака да си замине од Сити!

July 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Алварез донел одлука: Сака да си замине од Сити!

Напаѓачот на Манчестер Сити Хулијан Алварез реши да го напушти Манчестер Сити, а оваа информација ја пренесе „El Chiringuito“. Тој пристигна во Сити од редовите на Ривер Плејт а најверојатно дефинитивната одлука ќе следува по завршетокот на Копа Америка кога Алварез ќе се врати во Манчестер. Завршен збор околу неговата иднина ќе има Гвардиола. Алварез во Сити освои сѐ, освен Лига купот и Комјунити шилд.  а минатата сезона постигна 19 гол и забележа 13 асистенции, но сепак секогаш пред него е Халанд. Ваквата улога повеќе не му се допаѓа на Аргентинецот, поради што побарал трансфер. „Transfermarkt“ моментално го проценува на 90.000.000 евра. Тој веќе има 14 трофеи во својата кариера.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.