July 29, 2024 | | Свет
Напаѓачот Хулиан Алварез со својата последна изјава очигледно покажува дека не е среќен со неговиот статус во Манчестер Сити. Причината има име и презиме: Ерхлинг Халанд. Минатата сезона најмногу поради Норвежанецот Алварез немаше простор за да игра, иако во сезоната кога освоија тројна круна Гвардиола често знаеше и заедно да ги игра. Но и покрај помалата минутажа, минатата сезона Алварез имаше 19 погодоци и подели 13 асистенции на 54 одиграни натпревари што е повеќе од солидна сезона за напаѓач. „Минатата сезона јас бев еден од играчите со најмногу минути во Сити. Сепак, на крајот никој не сака да биде изоставен од најважните натпревари, сакаш да придонесуваш. Ќе го искористам времето да размислам што сакам за себе и својата иднина. Ќе видиме што ќе биде“, изјави Алварез. Интерес покажа Атлетико Мадрид, но според информациите на „The Athletic“, Сити ќе бара околу 77 милиони фунти, сума која тимот од Мадрид не е спремен да ја плати.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |