October 25, 2026 | | Свет
Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез упати извинување до навивачите на Атлетико Мадрид поради своите изјави за време на Светското првенство, признавајќи дека погрешил и во изборот на зборовите и во моментот кога ги кажал. „Сакам да им се извинам на нашите навивачи за моите зборови за време на Светското првенство. Беа грешка и начинот на кој ги кажав, и моментот во кој го направив тоа“, изјави Алварез за „Movistar“. Аргентинецот истакна дека ја разбира реакцијата на навивачите и дека и самиот би се чувствувал исто доколку бил на нивно место. Тој им се заблагодари за поддршката, како и на соиграчите кои му биле поткрепа во овој период. Алварез зборуваше и за својата форма, посочувајќи дека постепено се чувствува подобро, како физички така и во играта со топката. Неговата цел е да му помогне на тимот и да се бори за трофеи. „Со напорна работа и понизност, се надевам дека ќе успеам да ја променам оваа ситуација“, порача напаѓачот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |