July 26, 2024 | | Свет
Хулијан Алварез изрази желба да го напушти Манчестер Сити. Аргентинецот освои скоро се со клубот од Манчестер а сега е спремен за нов предизвик. Со своите 24 години тој веќе има освоено 14 трофеи, а сезонава во Сити имаше мала минутажа покрај Ерлинг Халанд. Како што пишува новинар Сем Ли од „The Athletic“, тој и неговата фамилија би сакале да се преселат во место каде би било потопло и климата би била подобра. Има уште една причина поради која тој сака да замине, а тоа е поголема минутажа. Манчестер Сити за него ќе бара околу 77 милиони фунти што во моментов заинтересираната екипа Атлетико Мадрид не е спремна да ја плати оваа сума.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |