Аматерски кикс на Онана и Доргу: Јунајтед прими комичен гол (ВИДЕО)

February 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аматерски кикс на Онана и Доргу: Јунајтед прими комичен гол (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Ипсвич започна кошмарно за домашниот тим, откако гостите рано стигнаа до предност по несфатлива грешка. Во обид да расчисти опасна ситуација, Доргу и Онана не се разбраа, што му овозможи на Филоген лесно да ја затресе мрежата и да го донесе Ипсвич во водство. Сепак, црвените ѓаволи реагираа брзо, прво со автогол на противникот, а потоа и со погодок на Де Лихт, успевајќи да направат пресврт и да поведат со 2-1.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.