Аморим им кажа „збогум“ на две ѕвезди пред мечот со Астон Вила

May 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим им кажа „збогум“ на две ѕвезди пред мечот со Астон Вила

Манчестер Јунајтед се соочува со разочарувачка сезона, а новиот тренер Рубен Аморим веќе започна со подготвки за големи промени на „Олд Трафорд“. Пред последниот натпревар од сезоната против Астон Вила, Португалецот донесе радикална одлука и ги изостави од тимот две големи ѕвезди – Алехандро Гарначо и Андре Онана. Со оваа одлука, Аморим испраќа јасна порака дека нема да смета на нив во следната сезона. Гарначо, кој уште во зимскиот преоден рок беше поврзуван со заминување, на крајот реши да остане, но очигледно не влегува во плановите на новиот тренер. Онана, пак, беше под голема лупа поради бројни грешки и нестабилни настапи, што го натера Аморим да побара ново голманско решение за следната сезона. Очекувањата се дека ова се само првите чекори од длабоката реконструкција што ќе ја претрпи Јунајтед летово, по една од најлошите сезони во поновата историја на клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.