January 19, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед продолжува да ги разочарува своите навивачи, откако на „Олд Трафорд“ повторно падна пред Брајтон со 1:3. Овој пораз дополнително ја истакна кризата на „црвените ѓаволи“, кои изгледаат немоќни против тимот што станува вистински баук за нив – шести пораз во последните седум дуели со истиот ривал. Под водство на Рубен Аморим, кој го презеде кормилото пред околу два месеца, тимот никако не успева да се издигне од лошата форма. Со 10 порази во 22 кола и само 26 бодови, Манчестер Јунајтед се наоѓа на разочарувачкото 13. место на табелата. Поразот од Брајтон ја прели чашата за Аморим, кој не го криеше своето незадоволство.
„Можеби сме најлошиот тим во историјата на Манчестер Јунајтед, и мораме да го признаеме тоа. Ова е неприфатливо. Повторно загубивме дома – тоа е неприфатливо. Мораме да го смениме тоа,“ изјави видно разочараниот тренер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |