Аморим: Јунајтед е голем клуб, но не и голем тим!

December 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим: Јунајтед е голем клуб, но не и голем тим!

Рубен Аморим смета дека тимот кој го има на располагање не е доволно голем за клуб како „црвените ѓаволи“. Во своите први три натпревари во Премиер лигата како тренер на Јунајтед, Португалецот има една победа, еден пораз и едно реми, но допрва треба да докаже дека е вистинскиот избор за тренерската позиција. Тој верува дека тимот не е на ниво што го заслужува Манчестер Јунајтед, и дека клубот има потреба од поголема и посилна конкуренција за да се врати на највисоките стандарди. „Ние сме голем клуб, но не сме голем тим. Тоа е јасно и не е проблем да се каже тоа. Имаме добри страни, но мора многу да работиме. Мораме да бидеме подобри. Ништо нема да се промени поради успесите од минатото. Нашите играчи мора да сфатат дека сме во тешка позиција. Ние не сме најдобриот тим во лигата, но нашето минато е најдоброто во лигата. Мораме да се фокусираме на малите детали“, вели Аморим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.