February 25, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед, иако важи за еден од најбогатите фудбалски клубови во светот во последните две децении, се соочува со невообичаени финансиски предизвици. Тимот не само што не успева да ја пронајде посакуваната форма ниту по тренерската смена, туку и новиот косопственик, Џим Ретклиф, воведува радикални мерки за намалување на трошоците. Манчестер Јунајтед претходно отпушти 250 вработени, а се очекува уште 150-200 лица да останат без работа во текот на годината На денешната прес-конференција, менаџерот Рубен Аморим отворено зборуваше за проблемите со кои се соочува клубот, признавајќи дел од одговорноста. „Едно нешто е јасно – кога тимот остварува успеси, приходите растат и тогаш финансиските проблеми не постојат. Нашите слаби резултати и кризата во која се наоѓаме директно влијаат врз ситуацијата, а тоа доведува до отпуштања на луѓе кои со години работеа во клубот. Екипата е сржта на сè што се случува – нашите успеси носат позитивни промени, но исто така, неуспесите оставаат сериозни последици. Тешко е да гледате пријатели како остануваат без работа, но мораме да останеме фокусирани, да му помогнеме на клубот и да бараме решенија. Важно е да сфатиме како стигнавме до оваа ситуација и што треба да се промени“, истакна Аморим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |