Аморим: Можеме да станеме најлошиот англиски тим кој освоил европски трофеј

May 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим: Можеме да станеме најлошиот англиски тим кој освоил европски трофеј

Фудбалерите на Манчестер јунајтед во четврток од 21 часот ќе го пречекаат Атлетик Билбао на „Олд Трафорд“, во реваншот од полуфиналето на Лига Европа. Со предност од 3:0 од првиот натпревар во Билбао, „црвените ѓаволи“ се на добар пат да обезбедат пласман во финалето и да се приближат до евентуален трофеј. На прес-конференцијата пред дуелот, повторно се актуелизираше една стара изјава на тренерот Рубен Аморим. Новинарите го потсетија на неговата изјава од јануари, кога под емоции го нарече својот тим „најлошиот Манчестер јунајтед во историјата“. Сега, неколку месеци подоцна, клубот стои на чекор од европски финале, успех кој може да биде спасителен за репутацијата на тимот и на самиот тренер. „Во тој момент, кога ќе ја погледнете табелата на Премиер лигата, навистина бевме најлошиот тим откако сум тука, барем според резултатите. Така размислував. Можеби ќе ја завршиме сезоната како најлошиот тим во историјата на Премиер лигата со европска титула“, изјави Аморим. „Нема ништо да промениме. Знаеме дека оваа сезона е разочарувачка. И понатаму стојам на тоа дека ова е најлошата сезона во последните 50 години“, додаде португалскиот стратег.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.