December 29, 2024 | | Свет
Рубен Аморим не е целосно задоволен од настапите на Андре Онана, иако во јавноста можеби го тврди спротивното. Според извори од Англија, Аморим веќе разгледува можности за доведување нов голман кој би претставувал сериозна конкуренција за Камерунецот. Онана, откако пристигна во Манчестер Јунајтед, направи голем број на грешки, од кои најзначајна беше примениот гол директно од корнер на натпреварот против Вулверхемптон. Ниту резервниот голман, Алтај Бејндер, не влева многу доверба, бидејќи и тој прими гол директно од корнер против Тотнем, Аморим е решен да ја зајакне голманската позиција. Меѓу потенцијалните засилувања се 22-годишниот Јоаким Имбректс, кој моментално брани за белгискиот Унион, и голманот на Лидс, Илан Мелие. Иако е прашање колку тој голман може да биде достојна замена за Онана, сепак Камерунецот потфрли тотално и засега не ги оправдува оние 50 милиони евра вложени за него.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |