Аморим: Не одигравме добро, ама барем победивме

January 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим: Не одигравме добро, ама барем победивме

Манчестер Јунајтед конечно победи во Премиер лигата, а нивниот менаџер, Рубен Аморим, изрази задоволство по победата од 3-1 над Саутемптон. Тој призна дека успехот на тимот не дојде лесно, но нагласи дека најважно е што победија, без разлика на околностите. „Крајот е добар. Беше тежок натпревар кој можеме да го поделиме на два дела. Саутемптон одигра силно прво полувреме и создаде многу простор меѓу редовите. Се браневме кога имаше простор. Кога противникот ја загуби силата, можевме да ја искористиме предноста“, рече Аморим, додавајќи дека тимот има уште многу работа. Особено внимание привлече Амад Диало, кој со својот хет-трик стана херој на натпреварот. „Дури и во првото полувреме, секогаш кога Амад ја добиваше топката, тој туркаше напред. Тој секогаш бараше начин да ја внесе топката во последната третина од теренот, и тоа е многу важно“, изјави португалскиот стратег. Тренерот истакна дека и покрај заморот кај играчите, тимот успеал да го извлече максимумот. „Не одигравме добар натпревар, но во моментов најважно беше да победиме. Играчите се уште не се навикнати да играат во оваа шема, но веќе гледаме некои добри работи во поседот на топката“, нагласи Аморим. Иако Саутемптон имаше предност во првото полувреме, „црвените ѓаволи“ направија задоцнет пресврт и ја искористија својата шанса кога противникот ослабе. „Момците беа многу уморни, но ова е добра победа. Ајде да гледаме напред“, рече тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.