Аморим: Не сум загрижен за отказ, туку за позицијата на табелата

February 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим: Не сум загрижен за отказ, туку за позицијата на табелата

Манчестер Јунајтед забележа уште еден разочарувачки резултат во Премиерлигата, откако загуби со 1-0 на гостувањето кај Тотнем. Тимот на Рубен Аморим продолжува со слаби игри и лоши резултати, поради што моментално се наоѓа на 15. место на табелата. „Не размислувам за ништо друго освен за тоа како да победуваме натпревари. Ги разбирам навивачите и медиумите кои зборуваат за ова, но мојата работа е да им помогнам на играчите. Убеден сум во мојот пристап, иако мразам да губам. Не ме загрижува мојата позиција како тренер, туку позицијата на тимот на табелата“, изјави Аморим. Според него, клучната разлика во натпреварот била реализацијата. „Тие постигнаа гол, а ние не. Имавме свои шанси, обидувавме да направиме нешто во транзиција, но не реализиравме. Имам многу проблеми, оваа работа овде е премногу тешка, но продолжувам да се држам до моите верувања“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.