August 25, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед повторно ги разочара своите навивачи и по вторпат сезонава не успеа да запише победа. „Црвените ѓаволи“ ремизираа на гостувањето кај Фулам (1-1) во натпревар од второто коло на Премиер лигата, резултат кој предизвика големо незадоволство и кај навивачите и кај менаџерот Рубен Аморим. Јунајтед успеа да поведе во 58-та минута и делуваше дека има контрола врз мечот. Но, наместо да ја искористат предноста и да го затворат натпреварот со втор погодок, фудбалерите на Аморим се повлекоа и дозволија на домаќините да израмнат. Фулам до крајот од дуелот одолеа и успеа да извлече бод кој за нив има тежина на победа. По натпреварот, Аморим отворено ја призна својата загриженост. „Мислам дека откако поведовме, премногу се фокусиравме на тоа како да го сочуваме резултатот. Од преголема желба за победа, почнавме да размислуваме дефанзивно и тоа ни се удри од глава. Искрено, откако дадовме гол, единствено се трудевме да ја задржиме предноста. Тоа не е пристап што смееме да го имаме. Јунајтед мора да биде тим кој напаѓа, не кој се брани.“ Португалецот сепак вели дека верува во потенцијалот на екипата. „Потребно ни е малку време, но сигурен сум дека сме многу подобар тим од она што моментално го прикажуваме. Секој фудбалер ќе ја има својата шанса да ги покаже квалитетите.“ По две одиграни средби, Манчестер Јунајтед има само еден бод и веќе се наоѓа под притисок. Во следното коло, на „Олд Трафорд“ ќе гостува Барнли, меч кој може да биде клучен за да се смири атмосферата на почетокот од сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |