Аморим: Никој на мене нема да ми даде време како што доби Артета во Арсенал

March 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим: Никој на мене нема да ми даде време како што доби Артета во Арсенал

Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на Арсенал во дерби пресметката од Премиер лигата во недела, а Рубен Аморим ја искористи шансата да го потенцира трпението кое управата на „топчиите“ го имаше кон Микел Артета. Иако Артета го освои ФА Купот уште во првата сезона (2020), тоа е единствениот трофеј што го има со Арсенал до денес. Дури три години му беа потребни за да го врати тимот во Лигата на шампионите, но раководството остана доследно во поддршката кон шпанскиот стратег. Аморим е свесен дека нема да добие таков луксуз на време во Јунајтед, како што имаше Артета во Лондон. „Никој нема да ми даде простор како што му дадоа на Артета. Арсенал и Јунајтед се два сосема различни клуба. Тие имаат верба во својот тренер, а начинот на кој Артета се носеше со предизвиците од самиот почеток е инспирација за многумина“, изјави Португалецот. Откако пристигна во Јунајтед како спасител на местото на Тен Хаг, Аморим се соочува со голем притисок, но наместо да ја стабилизира екипата, резултатите продолжуваат да се влошуваат. Под негово водство, тимот потона на 14. место во Премиер лигата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.