September 20, 2025 | | Свет
Без разлика што бележи очајни резултати и важи за убедливо најлошиот тренер на Манчестер јунајтед во изминатите децении, Рубен Аморим цврсто верува дека неговиот систем ќе проработи. Голем дел од елитните тренери кога ќе видат дека одредена тактика не функционира прават промени, но не и Аморим. Статистиката е катастрофална, притисокот расте, резултатите ги нема – сепак, Португалецот не се откажува. „Дали Сер Џим Ратклиф побара да го променам системот? Не, не, не. Ниту еднаш. Ниту Папата не може да го направи тоа“, изјави Аморим. „Ова е моја работа, моја одговорност, мој живот. Системот ќе има еволуција и јас ги правам работите на свој начин. Се надевам дека ќе има време да се промени ситуацијата“. Иако засега Аморим ја има поддршката од врвот на клубот, англиските медиуми пишуваат дека трпението наскоро може да истече.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |