Аморим откри зошто го заменил Зиркзе по само пола час игра!

December 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим откри зошто го заменил Зиркзе по само пола час игра!

Рубен Аморим, новиот тренер на Манчестер Јунајтед, брзо се најде под огромен притисок поради слабиот старт на својот мандат. Поразот од 2-0 на домашен терен против Њукасл дополнително ги зголеми тензиите околу португалскиот стратег. Аморим направи неколку контроверзни одлуки за време на натпреварот, кои предизвикаа реакции. Една од нив беше замената на Џошуа Зиркзе по само половина час игра. Играчот, разочаран од ситуацијата, замина директно во соблекувалната, но за кратко се предомисли па се врати на клупа. „Џош е добро момче и ќе му дадеме поддршка. Одлуката не беше лесна, но му објаснив дека сакав да испратам порака до тимот. Сметав дека во тој момент замената беше неопходна“, изјави Аморим. Таквата одлука се испостави како правилна каде со влегувањето на Коби Меино Јунајтед изгледаше подобро на теренот, но и покрај тоа поразот беше неизбежен. Исто така, стратегот го вклучи Маркус Рашфорд во составот, но го остави на клупата за резерви, иако Јунајтед губеше со два гола уште по 20 минути игра. Ова предизвика бројни прашања од новинарите за неговото невклучување. „Јас размислувам за тимот, вие премногу размислувате за Рашфорд“, кратко рече тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.