Аморим откри зошто Рашфорд и Гарначо беа надвор од составот со Сити

December 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим откри зошто Рашфорд и Гарначо беа надвор од составот со Сити

Манчестер Јунајтед излезе како победник во градското дерби против Манчестер Сити, совладувајќи го ривалот со 1-2. Сепак, големото изненадување беше отсуството на Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо, кои не се појавија ниту во составот, ниту во протоколот за натпреварот. Тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, по натпреварот објасни дека нема конкретни причини за нивното отсуство и дека одлуката да останат на трибините беше чисто тренерска. „Ништо посебно. Крај на еден натпревар, почеток на нова недела. Нова недела, нов живот, ако тренираат добро ќе бидат во конкуренција за место во тимот. Ќе играат затоа што се талентирани, ни требаат Рашфорд и Гарначо. Истите правила важат за сите. Ќе играат или ќе бидат резерви. Не се работи само за дисциплината. Мораме да ги поправиме стандардите, на теренот и надвор од него“, изјави Аморим. Ваквата изјава јасно укажува на тоа дека Рашфорд и Гарначо не се труделе доволно, па така ќе мораат да го заслужат своето место во составот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.