February 22, 2025 | | Свет
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, во последниот период е под зголемен притисок од јавноста поради продолжување на слабите резултати што ги имаше тимот под водство на неговиот претходник, Ерик тен Хаг. Португалецот беше донесен на „Олд Трафорд“ со цел да донесе подобрување, но засега тоа не се случува. Поранешниот стратег на Спортинг Лисабон откри зошто ја прифатил понудата на Јунајтед, иако имаше успешен период со португалските „зелено-бели“. „Свесен бев за ризикот, но решив да го прифатам. Да, секогаш постои ризик, но јас бев подготвен за тоа. Ова е Манчестер Јунајтед, клуб кој не можеш да го одбиеш. На крајот, станува збор за еден од најголемите клубови во светот“, изјави Аморим.
Иако е релативно кратко време на чело на Манчестер Јунајтед, Аморим се соочува со предизвици во обидот да ги подобри резултатите на тимот и да ги исполни високите очекувања на навивачите и управата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |