Аморим пофали двајца фудбалери на Јунајтед по првиот натпревар во Премиер лигата

November 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим пофали двајца фудбалери на Јунајтед по првиот натпревар во Премиер лигата

Рубен Аморим започна со реми на клупата на Манчестер Јунајтед каде одиграа нерешени 1:1 против Ипсвич. Иако неговиот тим не издвои победа, тој успеа да најде нешто позитивно по својот дебитантски меч во Премиер лигата. Сепак, ако се разгледаат фактите, клубот може да биде благодарен за конечниот резултат, бидејќи домаќините двапати беа спасени од фантастичните интервенции на голманот Андре Онана. Онана беше еден од само двајцата играчи кои добија посебни пофалби од новиот менаџер, додека вториот е младата звезда на крилото, Амад Диало, кој покажа дека има потенцијал да биде клучен играч за тимот. „Амад беше многу добар. Во овие три изминати дена во кои тренираше целата група, тој се поправи многу во дефанзивен поглед. Знам дека се работи за еден меч, но тоа навистина беше така. Амад беше фокусиран на својот ривал и заврши одлична работа во дефанзивен поглед. Си го чуваше играчот кога имаше потреба за тоа. Мислам дека на сите им е јасно дека Онана не извади во два наврати. Тој не спаси најмалку со две клучни одбрани. Покрај одбраните, имаше и многу точни долги топки, се обидуваше да го конектира тимот и задоволен сум од цела негова работа. Тој брзо ја сфати мојата идеја“, изјави Аморим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.