Аморим: Покажавме дека на „Олд Трафорд“ сè е можно!

April 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим: Покажавме дека на „Олд Трафорд“ сè е можно!

Рубен Аморим едвај ги совлада емоциите по драматичната победа на Манчестер јунајтед над Лион со 5-4, што ги однесе „црвените ѓаволи“ во полуфиналето од Лига Европа. По натпреварот, стратегот не го криеше задоволството, но и реално ја оцени играта на својот тим. „Почнавме фантастично, водевме со 2-0 и изгледаше дека сме на вистински пат. Но, второто полувреме беше нешто сосема друго. Ја изгубивме контролата и дозволивме Лион да не стигне“, вели Аморим. Натпреварот беше вистинска фудбалска драма. Лион израмни и го однесе мечот во продолженија, каде што дури девет голови беа постигнати. При 2-4 многумина мислеа дека сè е завршено. Но, Аморим веруваше. „Изгледаше како крај, но не и тука. Не на „Олд Трафорд“, тука сè е можно. Ова беше посебна вечер, уникатна по многу нешта. Тимот е изморен, но покажавме срце и карактер“, додаде тренерот на Јунајтед. Сега, пред Манчестер стои нов голем предизвик – Атлетик Билбао. Баскијците ќе бидат дополнително мотивирани, бидејќи финалето од Лига Европа ќе се игра токму на нивниот „Сан Мамеш“. „Целиот наш фокус од сега ќе биде насочен кон Лига Европа. Во Премиер лигата ќе дадеме шанса на младите, а главната енергија ќе ја чуваме за Европа“, изјави Аморим, јасно ставајќи до знаење што му е приоритетот до крајот на сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.