Аморим: Понекогаш ми доаѓа да си заминам од Јунајтед!

August 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим: Понекогаш ми доаѓа да си заминам од Јунајтед!

По шокантната елиминација од четвртолигашот Гримсби во Лига Купот на Англија, тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, се наоѓа под огромен притисок. Иако раководството на клубот и понатаму му дава јавна поддршка, впечатокот е дека тој би можел и да добие отказ, во случај да продолжат лошите резултати. На прес-конференција по поразот, Аморим со изјавите дополнително ја вжешти атмосферата. „Понекогаш ги мразам моите фудбалери, понекогаш ги сакам. Тоа е мој начин на гледање на работите. Понекогаш сакам да си дадам оставка, понекогаш сакам да бидам тука 20 години. Понекогаш сакам да бидам со моите фудбалери, понекогаш не сакам да бидам со нив“, вели Аморим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.