Аморим сака да продаде пет играчи

March 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим сака да продаде пет играчи

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед планира да се ослободи од најмалку пет фудбалери ова лето, а списокот може да се прошири. Прв на удар е Касемиро, кој иако е еден од најплатените во клубот, не игра на нивото што го покажуваше во Реал Мадрид. Напаѓачите Расмус Хојлунд и Џошуа Зиркзе исто така би можеле да заминат, бидејќи не ги оправдаа очекувањата и вложените средства. Последни на списокот се Маркус Рашфорд и Антони, кои веќе се на позајмица во Астон Вила и Бетис, а шансите за нивно враќање во Јунајтед се минимални.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.