Аморим се изнервирал и го скршил телевизорот во соблекувалната!

January 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим се изнервирал и го скршил телевизорот во соблекувалната!

Манчестер Јунајтед продолжува со серијата разочарувачки резултати, поради што се наоѓа на скромното 13-то место во Премиер лигата. Последниот удар за тимот беше поразот од Брајтон со 1:3 на „Олд Трафорд“. Португалскиот тренер Рубен Аморим не ја сокрил својата фрустрација по натпреварот. Според информациите на угледниот The Athletic, по слабата игра на својот тим, Аморим беснеел во соблекувалната. Толку бил разочаран, што во гнев го искршил екранот на големиот телевизор каде што се прикажуваат формациите пред натпреварите. Аморим едноставно бил разочаран бидејќи не можел да го прифати лошиот настап на неговите играчи. Очигледно, португалскиот стратег се обидува да пронајде начин да ги разбуди своите фудбалери и да го врати тимот на вистинскиот пат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.