Аморим со барање до управата: Донесете ми го Ѓокереш веднаш!

January 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим со барање до управата: Донесете ми го Ѓокереш веднаш!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, ја информирал управата на клубот за својата желба да го доведе Виктор Ѓокереш на „Олд Трафорд“ уште оваа зима, пренесува англискиот Daily Star. Напаѓачот на Спортинг веќе беше поврзуван со трансфер во Јунајтед веднаш по назначувањето на Аморим како тренер. Меѓутоа, Аморим сега сака да го забрза процесот и да го донесе Швеѓанецот за време на јануарскиот трансфер период, според извештаите од британските медиуми. Дебито на Аморим во Манчестер Јунајтед не започна како што се надеваше, па тој планира значителни промени во тимот. Се очекува играчи како Маркус Рашфорд, Џошуа Зиркзе, Антони, како и Касемиро да го напуштат клубот, а ослободувањето од овие фудбалери ќе создаде простор за Ѓокереш. Напаѓачот, кој е на мета и на други големи клубови, се чини е приоритет за Јунајтед. Ѓокереш има претходно искуство со Аморим во Спортинг, каде што пристигна од Ковентри во 2023 година. Од тогаш, постигна импресивни 47 голови на 49 натпревари за португалскиот тим. Аморим сега е решен да ја продолжи успешната соработка со Швеѓанецот, овојпат во редовите на Манчестер Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.