May 12, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед се наоѓа во една од најтешките сезони во модерната ера, а менаџерот Рубен Аморим, и покрај можноста да освои трофеј, испишува црни страници во историјата на клубот. На само две кола до крајот на Премиерлигата, „црвените ѓаволи“ се на срамното 16. место со само 39 освоени бода, 44 помалку од новиот шампион Ливерпул. Во ваков контекст, дури ни освојувањето на Лигата Европа не делува како доволна компензација. Финалето против Тотнем се најавува како последна шанса за спас на сезоната, но и како можност за целосен крах, ако Јунајтед не успее. Аморим не бега од критиките. Напротив, самиот ја признава тежината на ситуацијата. „Мораме да почувствуваме дека е крај на светот кога нема да победиме. Ми е срам кога ќе ја погледнам табелата во Премиер лигата. За мене не е важно дали ќе ја освоиме Лигата Европа бидејќи проблемите ни се многу поголеми.“ Откако седна на клупата во ноември 2024 година, Аморим има 13 порази и веќе важи за еден од најнеуспешните менаџери во историјата на клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |