November 15, 2024 | | Свет
Рубен Аморим и официјално седна на клупата на Манчестер Јунајтед. Кога беше одлучено дека Тен Хаг ќе биде отпуштен, привремен тренер на клубот беше Руд Ван Нистелрој кој оствари три победи и едно реми. Со доаѓањето на Аморим, беше одлучено дека Холанѓанецот нема да продолжи во клубот како асистент. Според поранешниот фудбалер на клубот Луис Саха, Аморим направил грешка. „Да му се дозволи на Руд ван Нистелрој да го напушти клубот е првата грешка на Рубен Аморим. Аморим ќе проопушти да го има тоа разбирање за клубот, како и информации за тоа што се промени во последните четири натпревари. Таа информација е од клучно значење за да го одведе клубот напред со играчите сега повторно да се чувствуваат удобно. Заминувањето на Ван Нистелрој е голема штета, разбирам дека новиот менаџер сака да донесе свој персонал, но неговото присуство ќе помогнеше да се извлече најдоброто од играчите“, рече Саха.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |