February 22, 2025 | | Свет
Откако Рубен Аморим седна на клупата на Манчестер Јунајтед, очекувањата беа дека тимот ќе покаже значителен напредок, но тоа засега не се случува. Недостатокот на константност во играта е еден од најголемите проблеми на тимот. Аморим се обидува да ја стабилизира ситуацијата и веќе почна со подготовка за летната трансфер реконструкција. Според Фабрицио Романо, Манчестер Јунајтед жестоко тргнал по Геовани Квенда, фудбалер од Спортинг кој се очекува да биде првото засилување на клубот во наредниот преоден рок. Наводно, трансферот е веќе одобрен од страна на самиот Аморим, а позната е и сумата што Јунајтед ќе мора да ја плати – 50 милиони евра. Ова е значително помалку од неговата откупна клаузула, која изнесува 100 милиони евра, што значи дека „црвените ѓаволи“ ќе го добијат за половина цена. Аморим воведе систем 3-4-2-1, но досега тој не донесе посакувани резултати. Неколку играчи наводно веќе изразиле незадоволство од тактичките промени и методите на работа на португалскиот стратег.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |