Аморим: За една недела дадов повеќе изјави во Англија отколку за четири години во Спортинг

November 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим: За една недела дадов повеќе изјави во Англија отколку за четири години во Спортинг

Манчестер Јунајтед ремизираше на гостувањето кај Ипсвич во натпревар кој беше прв за Рубен Аморим на клупата на „црвените ѓаволи“. Гостите поведоа со голот на Рашфорд уште во 80. секунда, но мораа да се задоволат само со бод. Она што уште на почетокот му засмета на Аморим е големиот број на изјави кои ги има откако стигна во Англија. „Ако само се обидеме да победуваме без да ризикуваме во овој момент, ви гарантирам дека следната година во оваа фаза би ги имале истите проблеми. Мора да тргнеме со нова идеја, да бидеме подобри. Проблем е носењето на одлуки во одредени моменти. Не е важен тренерот во тие секунди. Има одредени работи кои не ги правиме добро во клучни моменти и на тоа мора да се поработи. Сметам дека моите играчи премногу размислуваат за време на натпреварите. Го чувствувам тоа, нормално е ама сакам процесот да биде јасен. Оваа седмица повеќе зборував со медиумите отколку за четири години во Спортинг. Само сакам да работам со играчите, ништо повеќе“, рече Аморим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.