Аморим за нервозната ѕвезда на Јунајтед: Да сфати дека треба да работи без да ја допре топката

February 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим за нервозната ѕвезда на Јунајтед: Да сфати дека треба да работи без да ја допре топката

Манчестер Јунајтед со многу мака успеа да го совлада Лестер, а победата со 2:1 беше проследена со контроверзи. Хари Мегваер го постигна победничкиот гол од чист офсајд, но поради изостанокот на ВАР во четвртото коло од ФА Купот, акцијата не беше прегледана и погодокот остана валиден. Генералниот впечаток по натпреварот беше дека „ѓаволите“ одиграа уште еден слаб меч, а тоа го призна и тренерот Рубен Аморим во своето прво излагање. Подоцна, на прес-конференцијата, тој се осврна и на реакциите на Расмус Хојлунд, кој видливо нервозно реагираше на некои пропуштени шанси. ,,Хојлунд треба да сфати дека не секогаш ќе ја има топката во нозете, но тоа не значи дека не придонесува за тимот. Не смее да се фрустрира, бидејќи во следниот напад може да се најде во позиција за гол. Мора да остане смирен’’, изјави Аморим. Португалскиот стратег додаде дека проблемот не е само во напаѓачот, туку и во начинот на кој тимот игра во последно време. ,,Знам дека Хојлунд има голем карактер, но како напаѓач сака да постигнува голови. За да биде успешен, мора да добива подобри топки од соиграчите, а ние не му помагаме доволно’’, заклучи Аморим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.