January 26, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед денеска издвои тешка победа на гостувањето кај Фулам каде единствениот гол го постигна Лисандро Мартинез во 78. минута. Во еден тесен натпревар без многу шанси и без многу течна игра и од двете страни, тимот на Аморим успеа да го освои пленот и сега Манчестер Јунајтед се наоѓа на 12. позиција каде по 23 натпревари има 29 бодови. По натпреварот, новинарите пак решија да го прашаат Аморим за ситуацијата на Рашфорд и повторно следуваа истите прашања - зошто тој не игра, дали планира пак да го врати во тимот и слично. Но, воедно Рубен по кој знае кој пат реши да биде искрен и да даде искрен коментар за него.
„Попрво би го ставил тренерот на голманите, Витал во игра, отколку играч кој не го дава својот максимум секој ден“, рече Аморим за Маркус Рашфорд.Крилниот напаѓач во моментов преговара со Дортмунд и Барселона каде преговорите одат прилично тешко токму поради неговата висока плата, како и финансиската состојба на еден од тие клубови.
🚨💣 Rúben Amorim on Rashford: “I’d put the goalkeepers coach Vital before I put a player who does NOT give the maximum every day… …in training, in life, every detail”.@BeanymanSports 🎥 pic.twitter.com/UrjdZhKfwI
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 26, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |