Анчелоти: Ако Барса сака титула, ќе мора да се потруди за неа

May 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Ако Барса сака титула, ќе мора да се потруди за неа

Иако шансите за титула се сведени на минимум, Реал Мадрид не се откажува од борбата во Ла Лига. „Кралевите“ беа во негатива до 68. минута, а мечот со Мајорка остана нерешен до 95., кога Јакобо Рамон го постигна победничкиот гол. Со овој триумф, Реал покажа дека карактерот им е силна страна, и покрај тоа што на теренот недостасуваа дури 12 фудбалери поради повреди. Карло Анчелоти беше презадоволен од изданието на неговите играчи и изјави дека ова е доказ за борбеноста на тимот. По натпреварот, искусниот стратег упати порака до Барселона, чија публика веќе започна со рана прослава. „Не ѝ дозволивме на Барса вечерва да слави. Ако ја сака титулата, ќе мора да се потруди и да го победи Еспањол“, рече Анчелоти. Тој додаде дека доколку Реал го играше секој натпревар со иста посветеност како против Мајорка, ситуацијата на табелата ќе беше многу подобра. „Сè уште сме во игра и немаме намера да се откажеме“, истакна Анчелоти. Реал сега заостанува четири бода зад Барса, која има тежок финиш – ќе гостува кај Еспањол и Атлетик, а дома ќе го пречека Виљареал. Барселона има предност, но за титулата ќе ѝ треба најмалку една победа или два нерешени резултати.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.