September 20, 2024 | | Свет
Моментално на големо се разговара за густиот распоред кој го имаат фудбалерите каде веќе неколку фудбалери јавно зборуваа за тоа. За оваа тема зборуваше и Луис Фиго кој ги нападна фудбалерите и рече дека ако има помалку натпревари, веројатно и платите на фудбалерите ќе бидат помали. Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти изјави дека фудбалерите ќе го направат тоа без проблем ако се намали бројот на натпревари. „Фудбалот мора да забави, погледнете што се случува, се игра премногу. Играчите мораат да играат помалку за да избегнат повреди, нема да имаат проблем ако им се намалат платите“, изјави Анчелоти. Некои фудбалери во една сезона би можеле да одиграат и над 70 натпревари, што за Анчелоти е премногу.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |