Анчелоти: Ако направам барем една работа, ќе останам тренер на Реал

January 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Ако направам барем една работа, ќе останам тренер на Реал

Искусниот италијански стратег Карло Анчелоти е свесен дека иднината во Реал Мадрид зависи од резултатите, и покрај одличната врска со претседателот Флорентино Перез. На „Сантијаго Бернабеу“, успехот е единствениот фактор што обезбедува сигурност на тренерската позиција.

„Ако ја освојам Ла Лига или Лигата на шампионите, мислам дека со сигурност ќе останам тука. Сакам да останам што е можно подолго, и клубот го дели истиот став,“ изјави Анчелоти, додавајќи дека поддршката од клубот ја чувствува секојдневно.
Сепак, Италијанецот не ја исклучува можноста за неочекувани промени, истакнувајќи дека фудбалот е непредвидлив.
„Може да има промени само ако се случи нешто чудно, но тоа е дел од фудбалот. Верувам дека сме добро насочени и дека ќе бидеме уште подобри кога ќе се вратат повредените играчи,“ додаде тој.
Анчелоти смета дека освојувањето на една од најважните титули сезонава ќе му обезбеди мирна иднина во Мадрид. За него, завршувањето на сезоната на најдобар можен начин е единствениот приоритет. Со оглед на историјата на брзи одлуки во Реал, Анчелоти знае дека без оглед на искуството и успесите, резултатите на теренот се тие што ќе го определат неговиот престој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.