April 1, 2025 | | Свет
Додека Реал Мадрид влегува во најрешавачкиот дел од сезоната, во позадина се отвораат сериозни прашања за иднината на клубот и неговиот стратег, Карло Анчелоти. Бразилската фудбалска конфедерација одамна го има „пикирано“ како следен селектор, но Италијанецот во моментов има поважни битки – не само на теренот, туку и надвор од него. Според германски „Билд“, Анчелоти ќе мора да застане пред судот во Шпанија на рочиште што ќе се одржи во среда и четврток. Најтрофејниот тренер на Лигата на шампионите наводно не ги пријавил сите приходи од плата и останати извори во периодот од 2014 до 2015 година. Сумата која е предмет на истрагата надминува еден милион евра, а ако биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од четири години и девет месеци. Анчелоти, познат по своето смирено однесување, не дозволува оваа ситуација да го одвлече од фудбалските обврски, но нема сомнеж дека оваа правна битка ќе ја следат сите, од раководството на „кралевите“ до најжестоките навивачи на Реал. „Вистина е дека ќе се појавам на суд и ќе го дадам моето објаснување. Тоа е жалбено рочиште на Државното правобранителство затоа што веќе го поминав првото судење. Имам целосна доверба во законот и правосудниот систем, не сум загрижен за тоа. Се разбира, ми пречи што сум обвинет за измама“, изјави Анчелоти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |