Анчелоти го напушта Реал Мадрид на крајот од сезоната!

January 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти го напушта Реал Мадрид на крајот од сезоната!

Според информациите на Onda Cero, тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти решил да го напушти клубот по завршувањето на оваа сезона. Ваквата вест ја сподели и новинарот Фабрицио Романо. Ова е негова втора етапа во Реал Мадрид. Првиот пат на клупата седна во 2013 и остана на клупата до 2015 година. Потоа, се врати во клубот во 2021 година и има договор до 2026 година. Пред да го потпише новиот договор со Реал, тој силно се поврзуваше со Бразил, но сепак одлучи да остане. На негово место се очекува да дојде Чаби Алонсо кој моментално го водиБаерЛеверкузен. Со Реал Мадрид во три наврати ја освои Лигата на шампиони, два пати Ла Лига, шпански Суперкуп, Копа дел Реј, три пати УЕФА Суперкуп и два пати Светско клупско првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.