Анчелоти: Имам еден играч кој е незаменлив во Реал

August 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Имам еден играч кој е незаменлив во Реал

Иако Реал Мадрид во моментов е полн со ѕвезди како Килијан Мбапе, Винисиус и Џуд Белингем, сепак има и други важни играчи во тимот. Според италијанскиот тренер, еден играч е незаменлив во Реал Мадрид, а тоа е Федерико Валверде. „Кога Крос не напушти, го избрав совршениот играч да го замени. Тоа е Феде Валверде. Повеќе поради неговиот менталитет отколку неговиот квалитет“, рече Анчелоти За потсетување, Тони Крос му го предаде својот бр.8 на Уругваецот. “Неговата вредност се зголемува бидејќи покажува поголема личност и одговорност во тимот. Не ми е тешко да кажам дека е незаменлив играч во нашиот тим. Поради неговиот квалитет, неговата сила, неговата интелигенција. Среќен сум што го имам. Тој само треба да покаже малку повеќе немилосрдност на теренот и да се ослободи од срамежливоста“, објасни Анчелоти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.