Анчелоти: Имаме тимски, а не индивидуален проблем

November 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Имаме тимски, а не индивидуален проблем

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за проблемите кои ги има неговиот тим. „Треба да бидеме загрижени бидејќи тимот не игра добро на последните натпревари. Ни недостига цврстина. Факт е дека се браниме слабо, тимот не е доволно компактен. Мора да бидеме покомпактни, порационални. Нашата моментална ситуација не е индивидуален, туку тимски проблем. Не ја покажуваме најдобрата верзија од себе. Мораме да ја најдеме за да се бориме за сите трофеи. Мора да бидеме загрижени, ако продолжиме вака, ќе биде тешко да останеме во игра за најважните трофеи во април и мај. Не сме способни да го прикажеме најдоброто од себе и мора да работиме на решавање на проблемите. Ако не ја вратиме солидноста која не красеше со години, ноќите во Европа ќе станат многу долги за нас. Главниот проблем е во дефанзивната структура, примаме премногу голови за тим кој ја градеше својата игра врз база на избалансирана игра и континуитет“, рече Анчелоти. Според него, проблемот не е кај Винисиус и Мбапе, туку играта во дефанзива. „Проблем е леснотијата со која ривалите пристигнуваат и ни создаваат многу шанси. Точно е дека сме неефикасни и во нападот, но главниот проблем е во дефанзивната структура. Мора да се вратиме на основите на фудбалската игра, мора да го промениме пристапот за да се браниме подобро како тим. Мора да најдеме решение, но тоа не значи дека сега ќе менувам се за да дојдеме до тоа“, изјави Анчелоти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.