Анчелоти ќе биде новиот селектор на Бразил!

May 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти ќе биде новиот селектор на Бразил!

Според информациите на шпанскиот весник „АС“, Карло Анчелоти и Бразил постигнале договор италијанскиот тренер да стане нов селектор на фудбалската репрезентација на оваа земја. Иако пред неколку дена се шпекулираше дека преговорите пропаднале и дека Анчелоти нема да ја преземе селекторската позиција, ситуацијата се променила. Преговорите биле обновени и успешно завршени, при што двете страни си подале рака. Анчелоти, според истите извори, ќе го преземе водството на бразилската репрезентација по завршувањето на актуелната сезона во Ла Лига. Тоа значи дека нема да го предводи Реал Мадрид на претстојното Светско клупско првенство. Сепак, додека не пристигне официјална потврда од вклучените страни, останува простор за промени.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.