Анчелоти ќе гостува кај Сосиедад без тројца важни играчи

February 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти ќе гостува кај Сосиедад без тројца важни играчи

Карло Анчелоти првично беше оптимист и најави дека Килијан Мбапе и Феде Валверде ќе бидат подготвени за дуелот против Реал Сосиедад. Сепак, пред тимот да отпатува за Баскија, италијанскиот стратег мораше да го промени ставот. Мбапе вчера имаше рутинска интервенција на забот и очекувањата беа дека ќе може да настапи во полуфиналето на Копа дел Реј. Но, поради силни болки и непреспиена ноќ, Анчелоти одлучи да не ризикува и го остави Французинот во Мадрид. Истото сценарио важи и за Феде Валверде. Иако тренинзите ги одработи без проблеми, доби поштеда за втор натпревар по ред, откако не играше ниту против Џирона. Уште едно важно отсуство за Реал е голманот Тибо Куртоа, кој остана во шпанската престолнина поради лесни болки. Сепак, ситуацијата со Куртоа не менува многу во составот на Реал, бидејќи Анчелоти во Купот традиционално му дава шанса на Лунин.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.