April 7, 2025 | | Свет
Карло Анчелоти би можел наскоро да стане селектор на бразилската фудбалска репрезентација. Искусниот 65-годишен стратег е на радарот на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ), која неодамна му врачи отказ на Доривал Жуниор, селекторот кој ја предводеше селекцијата само од јануари 2024 година. Иако Анчелоти моментално има активен договор со Реал Мадрид до 2026 година, „Relevo“ пишува дека тој не би се разделил доброволно со „кралскиот клуб“. Сепак, доколку добие отказ на крајот од актуелната сезона, веќе е подготвен да ја прифати новата мисија, а тоа е раководење со една од најтрофејните нации во светскиот фудбал. Интересно е што поддршка за неговото можно назначување доаѓа токму од срцето на репрезентацијата каде многу од бразилските фудбалери отворено ја поддржуваат идејата токму Анчелоти да го води тимот. Меѓу најгласните се имиња како Алисон, Маркињос, Данило, Винисиус, Родриго Гоес, Едер Милитао и Ендрик. Анчелоти е веќе добро запознаен со бразилскиот дух, со оглед на тоа што веќе тренира дел од нив во Реал Мадрид.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |