Анчелоти: Леганес се жали за судиите, исто како и ние!

March 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Леганес се жали за судиите, исто како и ние!

Карло Анчелоти ја анализираше тешко извојуваната победа на Реал Мадрид со 3-2 против Леганес, дуел што не помина без доза на контроверзии. Иако „кралевите“ ја впишаа новата победа, гостите негодуваа поради спорните моменти – досудениот пенал за Реал на почетокот на натпреварот и фаулот што доведе до победничкиот гол. Анчелоти, сепак, истакна дека судиските одлуки се дел од фудбалот и дека и неговиот тим има причини за поплаки. „Игравме стабилно и контролиравме голем дел од натпреварот, но во некои моменти дозволивме грешки. Леганес се жали на судиите, но и ние имаме ситуации што можевме да ги оспориме. Ова е фудбал – понекогаш одлуките одат во ваша корист, а понекогаш не“, изјави италијанскиот стратег. Тој не заборави да го пофали Килијан Мбапе, кој повторно беше клучниот играч за Реал. „Тој е неверојатен. Ја носи разликата, постигнува голови и совршено се вклопи во тимот, како што и очекувавме.“ На крајот, Анчелоти не сакаше да го отпише Атлетико Мадрид од трката за титулата, посочувајќи дека сезоната е далеку од завршена. „Борбата за титулата ќе трае до самиот крај. Атлетико е сериозен конкурент, како и ние“, заклучи италијанскиот стратег.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.