November 8, 2024 | | Свет
Во моментов владее паника во Реал Мадрид поради лошите резултати против Барселона и Милан. Медиумите пишуваа дека ако продолжат ваквите резултати, Анчелоти би можел да замине. Според Карло, проблемот не е во нападот, туку во одбраната која делува раштимено. „Нашиот проблем не е во нападот, проблемот е во одбраната. Мбапе тренира добро, но поминува низ тежок период како и сите ние. Мораме да мислиме на проблемите како една шанса – ако сме паметни, можеме да ја надминеме ситуацијата, ако сме концентрирани и имаме вистински став. Така треба да се соочиме со проблемите, а тоа што Мбапе се мачи е проблем на сите нас. Тој не е во состојба да ни го понуди најдоброто, но верувам дека ќе се промени ситуацијата. Верувам во тоа“, изјави Анчелоти. Што се однесува до нападот, се чини дека стравовите пред трансферот на Мбапе се испоставија како точни, односно дека Французинот не се снаоѓа баш најдобро на позицијата деветка и преферира да игра на левото крило, позиција која ја завзема Винисиус Жуниор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |