Анчелоти: Мбапе воопшто нема его!

November 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Мбапе воопшто нема его!

Последните информации кои кружат во медиумите се дека Килијан Мбапе има нарушени односи со Карло Анчелоти и дека не се согласува со тактиката на тимот и тоа како играат. Многумина сметаат дека проблемот во тимот е токму Килијан поради неговото големо его. Токму за ова беше запрашан и Анчелоти. „Мбапе нема воопшто нема его. Дојде во клубот и веднаш се интегрираше добро во тимот. Воспостави добри односи со новите соиграчи. Пристигна со перфектно здраво однесување и дух“, откри Анчелоти. Покрај сево ова, наводно Мбапе инсистирал да игра на левата крилна позиција во нападот, но тоа место веќе е резервирано за Винисиус.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.